551
Од Јавното обвинителство информираа дека обдукцијата на телото на Коста Крпач, кој вчера беше пронајден мртов во својот стан, е во тек. Се преземаат сите мерки во насока на испитување на околностите во кои настапила смртта, како обработка на фотографии и траги од местото на настанот, вештачење на проектилите и слично.
Истрагата треба да ја потврди или отфрли првичната проценка која ја даде полицијата, а таа беше дека најверојатно станува збор за самоубиство.
Специјалното јавно обвинителство утринава информираше дека сега починатиот Крпач бил сведок во една предистражна постапка на ова Обвинителство, но и дека имаат докази дека врз него бил вршен притисок.