Телма: По инцидентот во „Шутка“, утврдени пропусти на затворското обезбедување

by fokus

Во истражниот затворот „Скопје“ сѐ уште трае анализата на случувањата, кои им претходеле на инцинетите во кои беа нападнати Миле Јанакиески и Спиро Ристoвски. Извештајот треба да биде готов до утре.

Како што објави „Телма“, викедов се прегледувале снимки на кои, според информации на телевизијата од затворот, се забележани пропусти на определени членови на затворското обезбедување.

Како што објави „Телма“, проверувана е и комуникација на притворениците Јанакиески и Ристовски по доаѓањето во затворот, како и однесувањето на двајцата припадници на кумановската група Есад Кафеџоли и Лирим Красниќи.

Двајцата поранешни министри Јанакиески и Ристовски се жалеа на потешки повреди, но по лекарските прегледи беа вратени во ќелија. Во меѓувреме Јанакиески е пуштен во домашен притвор, а директорот на затворот Ѓоко Котески најави дека со извештајот ќе си поднесе и оставка.

Поврзани новости