Џафери во дилема, дали да закаже седница за одземање на имунитетот на Вељаноски?

by fokus

Пратседателот на Собранието Џафери го има конечниот збор, но има и дилема дали треба да закаже седница на која ќе се гласа за одземање на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски по барање на судот.

Џафери има дилема бидејќи комисијата, која гласаше 4:4, не дала конкретен предлог заклучок, но и ваква ситуација не е предвидена во деловникот. Одлуката ќе ја донесе во координација со службите, а рокот за оддржување на седница истекува на полноќ.

Пратениците од ДУИ отфрлаат одговорност за исходот од синоќшното гласање, кој беше изедначен, и токму поради отсуство на пратеник од нивните редови, кој требаше да го даде клучниот глас. Велат неговата замена била спремна да тргне кон Собрание, ама гласањето наместо според договореното во 23 часот, се случило порано, во 21 часот.

Од СДСМ пак сметаат дека тоа што комисијата нема став за имунитетот на Велјановски не е пречка за ова прашање да се дискутира на пленарна седница. Мислењето на комисијата според партијата не е услов за да има пленарна, потенцирајќи дека Собранието одлучува по барањето на судот за одземање на имунитетот.

Поврзани новости