Откако утрово од телевизија Телма откази добија дел од најискусните новинари во оваа медиумска куќа, од телевизијата велат дека тоа била системтизација која тие како приватен медиум ја прават за рационализација и на трошоците.
-Иако сосема ги разбираме колегијалните мотиви на некои редакции кои излегоа во заштита на дел од новинарите на Телма, сметаме дека е сосема неумесно да си земаат за право да ги коментираат легитимните и правно целосно издржаните одлуки за интерната систематизација и рационализацијата на трошоците во телевизијата. Уште повеќе сметаме дека е целосно некоректно да се објавуваат неточни податоци за наводно отпуштање на 12 новинари од Телма, и имиња на колеги новинари, на кои наводно им е врачен отказ, особено од портали и медиуми од кои повеќето не се ни регистрирани какои медиуми, иги немаат правно регулирано односите со поголемиот дел од вработените, се вели во соопштението од Телма.
Според телевизијата, систематизацијата во Телма се врши согласно сите правни прописи и процедури, и во консултација со независниот синдикат, а било каков политички или идеолошки контекст на систематизацијата бил надвор од здрав памет.