Телевизија Телма судски ќе ја гони ТВ Нова за дискредитација на нивната предизборна анкета и манипулирање со резултатите.
Уредничкиот коментар ви го пренесуваме во целост.
ТВ Нова, во препознатливиот манир на валкано одработување за власта, голи, лаги и одвратни спинови, се обиде да ја дискредитира анкетата нарачана од телевизија Телма и МЦМС која ја изведе М Проспект, а која телевизијаТтелма ја презентираше на 4 –ти декември.
ТВ Нова нарачала анкета од М Проспект направена за нив кон крајот на октомври, која телевизијата воопшто и не ја објави. Сокривањето на комплетните резултати од анкетата е врв на непрофесионалност и подопашништво на вработените во таа квази – телевизија која докажа дека не работи за да ги информира граѓаните, туку одработува за партијата на власт.
Резултатите ТВ Нова не ги објави затоа што покажаа тесна разлика меѓу двете водечки партии, која не се совпаѓа во измислената нарацијата на власта за нивно наводно убедливо водство. И сега телевизија која нема ништо заедничко со новинарство, и која сокрива анкета за да не наштети на својот газда ВМРО-ДПМНЕ, напаѓа телевизија која 2 часа објавуваше во целост резултати од анкета, за наводно нецелосно објавување на анкета. Таква хипокризија, е навистина незамислива.
За спинот да биде поуверлив, во обидот да мешаат баби и жаби, бидејќи анкетата на ТВ Нова е теренска правена на крај на октомви, а на Телма телефонска на бустиран примерок на крај на ноември, ТВ Нова, според луѓето што им ја направиле анкетата вчера прикажаа и целосно лажни резултати од испитувањето.
Природно е дека на новинарите во Телма им е под чест да дебатираат или спорат со партиски чиновници кои неуспешно се претставуваат како новинари во ТВ Нова, но сепак Телма реши судски да ја гони ТВ Нова, затоа што е крајно време да се стави крај на спиновите и лагите кои го задушуваат објективното и професионалното новинарство.