487
Синовите на екс директорот на УБК Сашо Мијалков и поранешниот прв човек на полицијата Митко Чавков, како сопственици на компании во бизнис релации со други фирми, се појавуваат како доверители во кавадаречки Фени, објави Телевизија 24.
Телифизијата, повикувајќи се на документи за сопствеништво, но и според информации од прелиминарната листа на доверители, открива дека компаниите на фамилиите Чавкови и Мијалкови директно или индиректно давале услуги на Фени и сега се појавуваат како доверители.