Гинекологот Дамчевски доби отказ од ГАК

by fokus

Гинекологот Никола Дамчевски, кој е осомничен дека лажел пациентка дека е бремена, вчера добил отказ од Клиниката за гинекологија и акушерство, објави Либертас.

Претходно, Лекарската комора му ја одзеде лиценцата за работа. Ваква одлука донесе второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на седница одржана на 23.11.2017 година кој одлучувал по жалбата на Дамчевски, против одлуката на Првостепениот судски совет при Судот на честа со која времено му се одзема лиценцата за работа во траење од седум години.

Ваквата одлука на второстепениот Совет на Судот на честа е конечна и Дамчевски нема право на жалба.

Поврзани новости