Телевизија 24 поднесе кривична пријава против директорот на АВМУ – Зоран Трајчевски

by irena 17:50
17:50

Телевизија 24 поднесе кривична пријава против Зоран Трајчевски, директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Кривичната пријава е поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело, злоупотреба на службената положба и овластување, несовесно работење во службата, како и спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата.

ТВ 24 достави и барање да се испита постоењето на кривичното дело – злосторничко здружување и на други кривични дела за кои се гони по службена должност.

„Постои основано сомнение дека во подолг временски период, особено во периодот 2018–2026 година, пријавениот Зоран Трајчевски, во својство на директор на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заедно со други засега непознати службени и одговорни лица во ААВМУ, преку низа временски и функционално поврзани службени дејствија, одлуки и јавни набавки, ги користел овластувањата на независниот регулатор на начин што дозволил надлежностите на регулаторното тело ААВМУ утврдени во Законот за ААВМУ да ги извршуваат надворешни приватни правни лица – трговски друштва“ стои во кривичната за Трајчевски.

Во кривичната пријава се наведува и одлуката на Управениот суд и Вишиот Управен суд кои ги оцениле како несоодветни и изработени од правно лице кое не може да ги изготвува студиите бидејќи компанијата е регистрирана како маркетинг агенција, а не како правно лице основано за истражување на пазарот и јавното мислење.

Слични вести