Меси се пензионираше од аргентинскиот дрес

by irena 17:42
17:42

Лионел Меси, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, објави дека се повлекува од аргентинската репрезентација.

Меси се прости од Аргентина по 207 натпревари, во текот на кои ја освои титулата светски првак во 2022 година и два трофеја на Копа Америка.

Тој дебитираше за „Гаучосите“ уште во 2005 година, а речиси две децении подоцна одлучи да стави крај на своите настапи за националниот тим.

Одлуката ја соопшти преку емотивно писмо, во кое призна дека не му било лесно да ја донесе, но дека е свесен оти дошло време за крај.

„Тоа е одлука што ме болеше, длабоко во себе сè уште чувствувам болка, но разбирам дека дојде времето. Ви се колнам дека секогаш го давав максимумот, не само во последните неколку години кога освоивме сè, туку и претходно“, изјави Меси.

Аргентинецот истакна дека во текот на целата своја репрезентативна кариера се борел за националниот тим и дека на теренот го оставал срцето и душата.

„Секогаш се борев и го оставав сè што имав на теренот за овој дрес, за да ви донесам радост и да направам да се гордеете што сте Аргентинци преку фудбалот“ порача тој.

Слични вести