Компанијата МТЕЛ Турција, членка на Телеком Србија групацијата, пред два дена и официјално почна со работа и продажба на услуги во Турција.
Во Турција живеат повеќе од 10 милиони луѓе со потекло од земјите од поранешна Југославија, поради што оваа евро-азиска држава е логичен избор за ширење на Телеком Србија во дијаспората. По Австрија, Германија и Швајцарија луѓето од просторите на поранешна Југославија ќе може да уживаат во каналите кои ги приближуваат кон дома.
„Со големо задоволство влегуваме во повеќе милионскиот турски пазар. Длабоко сме убедени дека со разновидната и квалитетна телевизиска понуда ќе ги изненади сите луѓе од нашите простори кои живеат во Турција, но и турското население, бидејќи во понудата имаме и канали на турски јазик. Нашите корисници ќе може да уживаат во врвна спортска содржина на каналите Арена спорт, но и во филмски и сериските содржина. Се надеваме дека нашите серии во Турција ќе станат популарни, како што се турските кај нас … Телеком Србија во вој момент има повеќе од 210.000 корисници ширум дијаспората и верувам дека тој број само ќе расте. Со своето деловно работење покажавме дека станавме сериозна и успешна европска телекомуникациска компанија“, истакна, генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ изразувајќи гордост со фактот што Телеком Србија групацијата почнува со нудење услуги и во Турција.
По повод почетокот со работа во Турција, директорот на МТЕЛ Турција, Зоран Драшковиќ со своите соработници ги посети првите бизнис и резиденцијални корисници во Истанбул.
Првите корисници на МТЕЛ Турција ги очекува промотивен пакет.
„Три месеци пакетот за добредојде ќе биде бесплатен, а доколку корисниците потпишат договор на 24 месеци тогаш промо пакетот ќе биде на шест месеци“, истакнал Драшковиќ.