Лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави аудио-снимки во кои министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и нејзиниот помошник Иво Котевски договараат медиумска стратегија, како да се покрие случајот со полицаецот од Гостивар, за кој што се тврдеше дека во самодбрана убил двајца албанци.
Во сетот телефонски разговори, што ги објави Заев може да се слушне како тие двајца договараат како девојчето, ќерката на полицаецот медиумски да се злоупотреби, со тоа што на Канал 5 и Сител телевизија ќе се објасни како таа плаче, како убиството пред нејзините очи може психички да и влијае, а сето тоа треба добро да се пласира на дел од провладините медиуми. Јанкулоска ги критикува Канал 5 и нивната уредничка Лидија Богатинова дека не ја пласирале веста како што треба и затоа требало да се обратат кај Славица Арсова од Сител.
Котевски, пак предлага дека е добро на протестите во Гостивар да се истепа некој новинар.