593
Руски војници ги вратија во Украина телата на десетици украински војници кои загинаа во челичарницата Азовстал.
Според некои светски агенции, телата, наводно, биле префрлени во главниот град Киев, каде што се врши ДНК анализа за да се утврдат идентитетите на убиените, соопшти полкот Азов, една од единиците на Украина која ја држеше фабриката за челик речиси три месеци пред да се предаде во мај. Украина во саботата ја објави првата официјално потврдена размена на загинати војници од почетокот на војната. Беше кажано дека двете страни размениле вкупно 320 тела, а размената се случила во четвртокот на линијата на фронтот во регионот Запорожје.