469
Тела на две починати лица биле пронајдени во атарот на село Миравци, на место викано „Јаворица“, гевгелиско, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР велат дека најверојатно станува збор за мигранти, а по овластување на Јавен обвинител, полициски службеници од ОВР Гевгелија извршиле увид и притоа кај едното лице била пронајдена картичка за идентификација издадена од Република Грција и било утврдено дека станува збор за малолетник од Авганистан, додека, кај другото лице не биле пронајдени документи за идентификација.
Случајот бил пријавен вчера коколу 9:30 часот во ОВР Гевгелија, а по наредба на Јавен обвинител телата биле дадени на обдукција.