На почетокот на денешното заседание на бугарската влада, премиерот Стефан Јанев упати порака до граѓаните.
-Вашата улога е постојан процес на контрола врз тоа како политичките партии ги исполнуваат своите обврски кон вас. Не плашете се да бидете политички активни, важно е да се зачуваат демократијата и достоинството на нашата земја. Важно е да продолжиме во согласност со нашата способност да работиме конструктивно за да го зачуваме јавниот интерес, нашиот национален идентитет, рече Јанев.
Пораката на техничкиот премиер доаѓа во период на голема неизвесност во Бугарија по неделните парламентарни избори кои дополнително ја потврдија поделеноста во општеството што и се манифестираше на изборните резултати – ниту една од поголемите партии и коалиции не е во можност да формира влада.