(Видео) Без цензура емитувана емисијата која Цеца сакаше да ја забрани!

by fokus

На Н1 телевизија синоќа беше прикажана осмата епизода од политичкиот серијал ,,Јунаци доба злог” со наслов ,,Српска мајка” во која се зборува за ликот и делото на Светлана Ражнатовиќ – Цеца.

Во емисијата е опишана врската на пејачката со Земунскиот клан, бракот со Аркан, апсењето на Цеца по убиството на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ, финансиските малверзации околу продажба на фудбалери во клубот ,,Обилиќ”, но и други детали за нејзиното минато.

Ражнатовиќ ангажирала цел адвокатски тим, со цел да го запре емитувањето на серијалот, кој е дело на продукцијата ЈСП.
Најавиле тужба, со цел да го заштитат ликот и делото на Цеца.

Авторка на серијата е Јована Полиќ, која за Нова.рс по повод најавената тужба и обидот да биде забрането емитувањето на ,,Српска мајка” вели дека во ниту едно демократско општество во светот не може да се очекува забрана на слободата на говорот и медиумската слобода.

-Ако за Цеца било што е вознемирувачко, тоа нема никаква врска со авторската работа зад која стојам јас, но и Сања Лончар и Славиша Лекиќ. Кога вие реагирате пред да биде монтиран барем еден кадар на емисијата, пред да биде снимен барем еден соговорник, пред да се напише една буква во сценариото, тогаш е сосема јасно дека вас не ве вознемирува содржината на емисијата, туку содржината на вашата сопствена биографија!-порача авторката.

Веднаш по емитувањето на Н1, филмот беше прикачен на Јутјуб и има огромен број на прегледи за кратко време.

-Цеца стана недопирлива институција, како светата крава во Индија. Во добар дел, благодарение на медиумите кои го градеа митот за неа, тие од неа направија хероина со ореол на вдовица на српски патриот. Како една фолкерка стана сето тоа, гледајте во осмата епизода на серијалот ,,Јунаци доба злог” – пишува во најавата за емисијата.

Вики Клинчарова

Поврзани новости