444
Фејсбук соопшти дека личните пораки на 14 милиони корисници по грешка биле изнесени пред пошироката јавност четири дена, во периодот од 18 до 27 мај.
Инцидентот се случил по дефект во компјутерскиот систем, којшто бил откриен деновиве, изјави Ерин Иген, одговорна за прашањата на заштита на приватноста во Фејсбук. Таа додава дека проблемите сега се отстранети.
Оваа грешка се случува во период во кој социјалната мрежа работи на нови начини на споделување на некои елементи од профилот, како на пример слики и видео снимки.
– Го решивме проблемот и од вчера започнавме да ги предупредуваме засегнатите да си ги проверат пораките од тој период, рече Иген.