Техничката влада и ВМРО-ДПМНЕ дале скоро половина милион евра за пропаганда во странство

by fokus

Речиси 220 илјади евра платила Владата на чело со техничкиот премиер Емил Димитриев за „услуги за менаџирање на угледот и имиџот на Македонија пред општествената, политичката, економската и медиумската јавност во светот“ пред и по парламентарните избори во декември, открива ПРИЗМА.

Договорите се склучени со две компании, британска и германска, во ноември 2016 година, во времетраење од три месеци, но дури денеска се објавуваат на веб – страницата на Бирото за јавни набавки, речиси половина година по склучувањето на договорот и 3 месеци по неговото завршување.

Истовремено, токму во периодот пред и после изборите, тогаш владејачката ВМРО- ДПМНЕ ги активира услугите на американската пи-ар компанија Дашл груп за застапување на интересите на партијата пред преставниците на владата на САД.  За ангажманот и активностите во периодот од ноември 2016 до јануари 2017 година, ВМРО-ДПМНЕ на Дашл груп ѝ платила вкупно 240 илјади долари.

Поврзани новости