Тедрос: Ковид-19 може да се стави под контрола за неколку месеци со почитување на мерките

by fokus

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но оти може да се стави под контрола за неколку месеци со докажани мерки во заштитата на јавното здравје.

Тедрос на денешната прес-конференција изјави дека СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата непречено да продолжат, но оти во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се преполни, луѓе умираат и можно е тоа да се избегне.

– Пандемијата на Ковид-19 е далеку од својот крај, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на новозаразени и смртни случаи во првите два месеци од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени, рече директор на СЗО.

Тедрос исто така изјави дека зголемениот пренос на оваа инфекција најмногу се должи на збунетост и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.

Поврзани новости