Теарце може да направи пресврт во изборите

by fokus

По одлуката на Управниот суд да ја прифати тужбата на СДСМ, повторно гласање во избирачкото место 2011 во општина Теарце ќе се одржи во недела. Овде ВМРО-ДПМНЕ на денот на изборите извојувала победа од само четири гласови повеќе од СДСМ.

На спорното избирачко место се запишани вкупно 714 гласачи, а гласале 404 гласачи. На денот на изборите, во избирачкото место 2011, за ВМРО-ДПМНЕ гласале 91 гласач, а за СДСМ 87.  БЕСА добила 65 гласа, ДПА 64, ДУИ 53, Алијанса за Албанците 25 и по еден глас Третиот блок и ВМРО за Македонија.

На ниво на шеста изборна единица, разликата меѓу двете најголеми политички партии е само 307  гласа. Прегласувањето би можело да го смени целокупниот изборен резултат, па наместо 51 пратеник за ВМРО-ДПМНЕ и 49 за СДСМ, може двете партии да имаат исти број на мандати, 50:50.

Токму затоа, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Греувски на протестот пред ДИК најави дека доколку Управниот суд ги прифати тужбите на СДСМ, неговата партија нема да учествува во прегласувањето и нема да ги прифати тие резултати.

 

 

 

 

 

 

Поврзани новости