Прифатена тужбата и на ВМРО-ДПМНЕ: Нема прегласување во Гостивар

by fokus

Управниот суд ја прифати тужбата на ВМРО-ДПМНЕ, поднесена за приговорот на БЕСА, која се однесува на изборни нерегуларности во гласање во избирачко место во Гостивар.

Со оваа одлука, решението на ДИК се преиначува и се одлучува приговорот на БЕСА за прегласување во спорното избирачко место во Гостивар, да се отфрли.

Овој приговор на БЕСА, беше единствениот што го прифати Државната изборна комисија, откако графолошкото вештачење, покажа дека потписот на сведокот Фатиме Сулејмани бил фалсификуван, односно во нејзино име гласал некој друг.

Поврзани новости