619
ТЕ-ТО АД Скопје е најголемата фирма должник кон државата. Ова го потврдуваат податоците од последната листа на должници на УЈП.
Според официјални податоци, бизнисите и граѓаните должат над 160 милиони евра за даноци и придонеси.
Дел од листата должници кон државата и овој пат се државни и јавни претпријатија а меѓи нив е МРТ, комуналните претпријатија од неколку општини.
Тука се и 11 Октомври Еурокомпозит АД Прилеп, потоа Бетон АД Скопје, Винарска визба Повардарие од Неготино и други.