Николовски: Ударот правдата ќе го зададе за секој!

by fokus

Екс-министерот за земјоделство и сегашен генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски вели дека за судските предмети ќе има правда за секој и ќе се забрзаат рочиштата.

„Нема одлагање!

Туку напротив ќе се забрзат Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Титаник 2, Тортура, Тврдина 2, Насилство, Трезор, Топлик, Тендери, Тарифа, Тенк, Труст, Триста, Тотал, Траекторија, Талир, Империја, Странски Служби, Актор, Лидери, Тарифа 2, Транспортер 2, Моќник, Дизајн, Поштенска банка, Пропаганда, Империја 2, Хармонија
Базни Станици, Подарок и еден куп други.

Затоа сакаат да ја срушат правдата, да ја стопираат ?? да почне преговори со ЕУ, да влеземе во НАТО и да одиме напред.

Но, ништо не им успеа нема ни ова.

Ударот правдата ќе го зададе за секој, ама буквално за секој, и со тоа ќе успее!“, истакна Николовски.

Поврзани новости