САД денеска ќе ја одбележат 22-годишнината од најсмртоносниот терористички напад извршен на територијата на таа земја, во кој загинаа речиси 3.000 луѓе, потсетува Гласот на Америка.
Сторителите, милитанти на терористичката организација Ал Каеда, киднапирале четири комерцијални авиони, од кои два удриле во кулите близначки во финансискиот кварт на њујоршкиот Менхетен, додека еден го урнале во близина на Пентагон – седиштето на американското Министерство за Одбрана во државата Вирџинија.
Четвртиот авион се урна во поле во Шенксвил, Пенсилванија, откако патниците им се спротивставиле на киднаперите.
Ова се и местата каде секоја година се одржуваат централни настани по повод нападот на 11 септември 2001 година, а покрај тоа граѓаните се сеќаваат на жртвите и во локалните области.
Во пресрет на 22-годишнината, со нова ДНК метода идентификувани се уште две жртви на терористичките напади во Њујорк, и тоа маж и жена кои загинаа при уривање на зградата на Светскиот трговски центар.
Противпожарната служба на Њујорк ги додаде имињата на уште 43 свои членови на Меморијалот во Њујорк.
Американскиот претседател Џозеф Бајден нема да присуствува на ниту еден од овогодинешните комеморации, бидејќи ќе биде во Алјаска каде ќе ја помине комеморацијата во базата Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ.
Потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф ќе учествуваат на комеморативни настани во Менхетен во Њујорк.
Според традицијата на таа комеморација не зборуваат политичари, туку се читаат роднините на жртвите и имињата на жртвите.
Заедно со нив, на комеморацијата во Њујорк ќе присуствуваат и секретарот за домашна безбедност Алехандро Мајоркас и амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас Гринфилд.
Покрај Њујорк, на комеморацијата во Шенксвил, Пенсилванија, ќе присуствува и сопругот на американскиот потпретседател Емхоф, додава Гласот на Америка.