Спасовски: Регрес за годишен одмор од 10.000 денари за секој полициски службеник

by Fokus

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека според договорот сите вработени во МВР во октомври годинава ќе ја добијат ветената покачена плата за 10%. Тој напомена дека до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор во изност од 10.000 денари.

„Низ дијалог до решенија во интерес на членовите на МПС, но и на сите вработени во МВР. На 1 октомври ќе имате плата зголемена за 10% за сите вработени во МВР и до крајот на годината регрес за годишен одмор од 10.000 денари за секој полициски службеник“ – напиша Спасовски.

Поврзани новости