Татко си го прегазил двегодишниот син додека ја паркирал колата

by Frosina Fakova

Татко синоќа си го прегазил својот двегодишен син додека се обидувал да го паркира автомобилот во двор на куќа во скопски Сарај.

Повреденотo дете било донесено синоќа околу 23 часот во Градска општа болница „8-ми Септември“. Според пријавата, дваесет и деветгодишниот татко го прегазил детето движејќи се наназад со автомобилот “Мерцедес“,  без да го забележи.

Од доктор била констатирана смрт. На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатото дете е предадено за обдукција на Судска медицина.

 

Поврзани новости