Таткото не успеал да ги спаси четирите деца од пожарот, вратата била заглавена

by Fokus

Близнаци на возраст од 3 години, двегодишно дете и бебе старо само шест месеци, настрадаа во пожар во стан во Нови Пазар, Србија. Таткото и мајката на дечињата се здобиле со тешки телесни повреди.

Децата се најдени во една од собите и се претпоставува дека се угушиле од димот. Таткото преку тераса се обидел да влезе во собата на децата, но вратата била заглавена.

Таткото, по потекло од Египет, се здобил со изгореници на 45 отсто од телото, а кај мајката, која е од Босна, изгорениците зафатиле 18 отсто од телото.

Причините за пожарот се уште не се утврдени, но се претпоставува дека настанал поради вклучена греалка, на која најверојатно биле оставени алишта да се сушат.

Фото: Телеграф.рс

Поврзани новости