178 пијани возачи казнети синоќа

by Fokus

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во текот на изминатата вечер спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата.

„При тоа санкционирани се 178 возачи. Од нив 60 на територија на СВР  Скопје, 27 на територија на СВР Струмица, 18 на територија на СВР Куманово…“, соопштија од таму.

Од МВР додаваат дека за време на контролата биле санкционирани и 185 други видови на прекршоци.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од полицијата.

Поврзани новости