Таткото на Темелко добил државно земјиште под концесија

by Фокус

Вангел Темелко, татко на градоначалникот Пустец, Едмонд Темелко, кој е осомничен од Специјалното јавно обивнителство за изборни измами, во 2014 година добил под концесија државно земјиште од околу три декари во ресенскиот крај, тврди дополнителниот заменик министер за земјоделие од СДСМ Љупчо Николовски во интервју за Радио Слободна Европа.

– Дали неколкуте договори кои ги има за државна земја добиено во 2014 година, се резултат на спроведувањето на политиките на власта, на злоупотребите, во претходниот период за кој гледаме дека има сериозни обвинувања од Специјалното јавно обвинителство, за злосторничко здружување, за изборни измами? – прашува Николовски во интервјуто.

Темелко, пак, реагира:

– Како може да кажеш дека со три декари земјоделско земјиште, што може човек да напредне?Не се исплаќа тоа, тие трошоците. И засадени тие работи, тоа е за секој земјоделец, мислам тоа е смешна работа. Не знам како може опозицијата, да не гледа подалеку од носот, владее едно вистина тотално лудило, измислува се живо – вели тој.

Поврзани новости