349
Таткото на починатото новороденче од Прилеп кое го загуби животот поради сепса денеска реагираше со тврдење дека кај мајката на бебето претходно не била евидентирана никаква бактерија и сите исппитувања биле уредни. Тој информираше дека првично мајката требало да се пораѓа со царски рез, но…
Вели дека не знае од кои причини докторката која ги примила на приемно одделение одлучила сепак таа да се пораѓа во природен пат.
Се сомнева дека во болницата во Прилеп не ја кажуваат вистината за целиот случај и дека не му е јасно како може здраво родено дете кое треба да добие отпуст од болница, да добие сепса.