65-годишен жител на селото Рибари во Јагодина, Србија, е уапсен под сомнение дека го силувал својот 14-годишен син Д.П. цели седум години.
Злоставувањето 65-годишниот Драга го правел речиси секогаш под дејство на алкохол. Случајот бил откриен откако момчето се пожалило кај соседите. Открило дека неговите страдања почнале кога тргнал во прво одделение.
Српските медиуми пренесуваат дека 65-годишниот татко често се изживувал врз неговиот син, го тепал, му зборувал дека не заслужува да живее и му се заканлувал дека ќе го убие. Му рекол дека ќе го заколе доколку на некого му каже за нивната тајна.
По откривањето на случајот момчето е сместено во згрижувачко семејство, додека на таткото му е изречена забрана да му се доближува и на било каков начин да контактира со него.