Четиринаесет години од падот на кингерот во кој загина претседателот Трајковски

by fokus

Во Македонија денеска ќе бидат одбележани 14 години од смртта на поранешниот македонски претседател Борис Трајковски, кој загина во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар.

Во Скопје, во Алејата на великаните на Градските гробишта во Бутел цвеќе на гробот на Трајковски ќе положат членови од семејството на претседателот, повеќе делегации и граѓани.

Во авионска несреќа што се случи на 26 февруари 2004 година загина претседателот на Република Македонија Борис Трајковски и осумчлена македонска делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Две истраги беа спроведени за причините за падот на „кингерот“ во атарот на Матиќ Брдо кај селото Хусковиќи. И во двата извештаја како причина за падот на „кингерот“ се наведуват пилотски грешки и други индиректни системски пропусти.

Поврзани новости