384
Татко го нападнал својот син додека сечел дрва во својот двор, информираа од МВР.
Според полицијата, вчера Б.Б. (40) од с. Шемшово, тетовско, пријавил дека околу 13.00 часот неговиот татко Б.Б.(71) физички го нападнал во дворот од нивната куќа, додека со секира сечел дрва. Татко му, најпрво започнал расправија околу неплатени сметки за електрична енергија, по што со тупаница го удрил по лицето. Пријавителот го турнал татка си, но тој веднаш станал и се обидел да му ја одземе секирата, поради што Б.Б.(40) се здобил со расекотина на десната дланка. Б.Б. (71) бил повикан во Полициското одделение Јегуновце.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.