Татко и син под истрага за дрога и нелегално оружје

by fokus

Против татко и син од скопското село Кучково е отворена истражна постапка за неовласено држење оружје и дрога од видот марихуана. Тие се сомничат за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

„Имено, на 22.11.2018 година, при претрес на домот на осомничениот татко во селото Кучково, било утврдено дека тој кај себе неовластено држел огнено оружје – пиштол „Црвена застава” со калибар од 7.65мм и сигнален пиштол М50, поголемо количество муниција – куршуми од различен калибар, како и експлозивни материи чија употреба е забранета – рачна бомба модел Н38, едно погонско полнење на ракети модел ПГ 7, како и еден котур со детонаторски фитил“, велат од Обвинителство.
При претресот кај осомничениот, додаваат, била пронајдена и наркотична дрога марихуана со нето маса од 0.80 грама и вага со траги од наркотична дрога.
„На истиот ден бил извршен претрес и во домот на неговиот син во Скопје, кај кого била пронајдена наркотична дрога марихуана со нето маса од 60.8 грама. Ценејќи дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство, надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и Предлог за определување мерка притвор на осомничените“, посочуваат од таму.

Поврзани новости