Татко и син (7) се удавија во река во Германија, биле непливачи

by Fokus

36-годишен маж и неговиот 7-годишен син загинаа во несреќа додека пливале во реката Рајна, изјави денеска портпаролот на полицијата во Бон.

Седумгодишното момче и неговиот четиригодишен брат пливале во реката во градот Борнхајм, северозападно од Бон. И двете момчиња не се пливачи. Кога западнале во неволја, на помош им дошол татко им, но и тој бил непливач.

Помладото дете успеало да стигне до брегот, но постариот брат и таткото се удавиле. Роднините кои биле на брегот повикале брза помош, но веќе било доцна.

Најмалку пет несреќи со смртни последици се случиле во Германија за време на продолжениот викенд.

Според официјалните податоци, минатата година во таа земја се удавиле најмалку 355 лица, 56 повеќе отколку во 2021 година.

Поврзани новости