Здравко Чолиќ слави роденден и не запира со концерти и во осмата деценија!

by Fokus

Музичката ѕвезда Здравко Чолиќ денес слави роденден. Роден пред 72 години во Сараево, тој ја започнал својата музичка кариера во далечната 1969 година, со групата „Амбасадори”. По неколку години започнал соло кариера и за кратко стана еден од најпопуларните пејачи во поранешна Југославија.

Но, и покрај возраста, навлезен во осмата деценија од животот, Чолиќ не запира со настапи. Изминатиот период пееше во Задар, Прага, Осло, Бар, Тузла…

На неговата официјална страница веќе е најавен концертот во Франкфурт, по четири дена, како и голем концерт со Симфонискиот оркестар во Пула, во август.

Влезниците за концертот во Франкфурт се продаваат по цена од 48 до 58 евра, а пак на концертот во Пула од 35 до 80 евра.

И во Македонија е чест гостин на општински манифестации, а има одржано повеќе концерти и во Арената „Борис Трајковски“, како и на Градскиот стадион „Тодор Проески“ во Скопје.
За време на неговиот концерт во Скопје во 2019 година, поради големиот интерес на публиката, во градот дури имаше посебен сообраќаен режим.

Кога се општинските манифестации во прашање, тој и музичарот Дино Мерлин важат за најскапо платени во регионот.

Приватно, во брак е со Александра, која ретко се појавува во јавност, а со која се ожени на 50-годишна возраст. Имаат две ќерки, Уна и Лара.

Повозрасната Уна (22) е доста популарна на социјалните мрежи, каде често објавува фотографии од луксузни патувања. Семејството живее во вила на Дедиње.

Вики Клинчарова

Поврзани новости