294
Четириесет и три годишниот В.А. од Битола вчера беше приведен, а во полициската станица на службен разговор бил повикан и неговиот малолетен син.
Како што информира МВР, утрото на 5 август на улицата „Мирка Гинова” во Битола малолетникот со употреба на сила одзел паричник од А.И. (70) од Битола.
Таткото на малолетникот е осомничен дека го поттикнал синот да го изврши делото.
Службениот разговор во полициската станица бил извршен во присуство на претставници од Центарот за социјални работи Битола.
Одземеното било пронајдено и вратено на сопственичката, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.