Татини синови родени со бизнис-гени

Македонските функционери заминуваат од политиката, но не и од бизнисот. Функциите ги напуштаат, но бизнисите одат од генерација на генерација. „Фокус“ издвои неколку политичари, кои по заминувањето од функцијата, својот имот им го префрлаат на своите деца, на 18 или на 21 година

by fokus

Кон крајот на минатата година Зоран Заев и официјално се повлече од политиката, откако даде оставка од премиерската функција, но и од лидерското место во СДСМ. Од тогаш Заев ниту еднаш се нема појавено во јавноста, ниту дава изјави за медиумите.

Не сакам да се појавувам во јавноста, ниту да давам изјави. Ве молам разберете ме, вели Заев кога новинарите ќе побараат информација или коментар од него.

Откако го напушти премиерскиот кабинет на Водно, Заев се врати да работи во семејните фирми во Струмица, каде што работеше пред да почне да се занимава со политика. И неколку месеци откако замина во т.н. политичка пензија, тој му отвори фирма за производство на струја на својот син.

Осумнаесетгодишниот тинејџер Душко Заев стана сопственик на претпријатие за производство на електрична енергија. Компанијата се вика „Тотал енерџи“, а нејзиното седиште е во Струмица.

„Фокус“ издвои неколку политичари, кои по заминувањето од функцијата, својот имот им го префрлаат на своите деца.

Меѓу нив се синот на Сашо Мијалков, Јордан Мијалков и синот на поранешниот висок функционер од ДУИ, Муса Џафери, Аријанит Џафери кои на дваесет и неколку години влегоа во бизнисот со енергетика, обложувалници, бензински пумпи….Тука е и синот на старо-новиот градоначалник на Карпош, Стевче Јакимовски

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Поврзани новости