Тасевски: Однесувањето на Богоевски покажува дека сака да го скрие тој дел од себе, ако е автентичен

by fokus

Актерот Сашо Тасевски во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека пратеникот Павле Богоевски мора да понесе одговорност по случувањата со снимката во која тој нарачува, како што рече, масло од канабис.

-Богоевски во Парламентот не претставува одредено лоби на наркофили, ако таа група го донела во Собранието, во ред. Но, ако го донела една многу поширока група, тогаш има кабает во него. Неговото однесување покажува дека тој сака да го скрие тој дел од себе ако му е автетентечен, ако тоа го прави во приватен живот. Некој тоа добро го спакува, го искористи. Но, тој не е само Павле Богоевски, тој е пратеник претставник на граѓани и затоа треба да понесе одговорност, рече Тасевски.

Поврзани новости