Михајловски му се извини на Тричковски за заканите и доби условна казна

by fokus

Актерот Тони Михајловски призна вина и доби условна казна од три месеци за фејсбук заканата упатена кон новинарот Бранко Тричковски, дека би го убил без око да му трепне. Михајловски на денешното рочиште ја призна вината и му се извини на Тричковски.

-Тони Михајловски ја призна вината за јавната закана дека “може да ме убие без око да му трепне”и ми се извини. Истовремено, и тој и неговиот адвокат, ветија дека никогаш повеќе Михајловски нема да стори дело за кое денеска беше суден и какви било други кривични дела. Мојата маланекост сметаше дека е тоа доволна сатисфакција, односно, му пружив рака на Михајловски, се откажав од натамошен прогон и какви било оштени барања, напиша Тричковски на фејсбук.

Според обвинението, на 16 јуни, 2017 година, Михајловски се заканил дека ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од 5 години или потешка казна. Заканите биле објавени на неговиот профил на фејсбук и насочени кон новинар, при што обвинетиот повикал на физичка ликвидација и ја загрозил сигурноста на новинарот.

Поврзани новости