Тасевски до актерот Висар Вишка: Висар, ај не паламуди!

by fokus

Актерот Сашо Тасевски, му реплицираше на својот колега, Висар Вишка, кој е советник на министерот за култура и кој застана во одбрана на годишната програма на Министерството. И покрај бројните критики Вишка ја оправда програмата со тврдење дека за распределбата на државните пари во културата одлучувале комисии составени од членови, кои пак се предложени од СДСМ, ДУИ и БЕСА. Тасевски го обвини Вишка за цинизам.

„Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко Мајка Тереза. Се загрижи за маргинизираните? Ма немој. Вчера отворале фирми во тетовско, за денес да им пуштате илјадници евра на тотални анонимуси, али битно албанци. Министерството не е промотер на дилетантски групи, туку пред се мора да испорача врвни културно уметнички достигнувања. Го згазивте Скопскиот џез фестивал, светски бренд, да отворите нов во Тетово? Го пониживте Танец со приказна богата ко Илјада и една ноќ, за да промовирате на голема врата нов албански ансамбл за ора кој е роден вчера. Твојот цинизам те прави примитивен и повеќе те открива кој си, отколку што те покрива. Гледаш дека колегите од театарот и уметностите се револтирани, а ти упорно изигруваш невина француска собарка. Сепак, твојот презир кон нас Македонците ти избива од секоја запирка, затоа не глуми, кајшто не проаѓа. Многу колеги со кои си одел по журки, си работел ќе те занејќат поради твојот цинизам и однос. Не го брани она што е неодбранливо. Ај фати му пенал на Меси. Немаш потреба да бидеш толку искомплексиран. Барем ти не. Ама ајде де“, напиша тој.

Висар ај не паламуди. Оваа држава ти дала образование и работно место во МНТ. Ми леташ орлиња наоколу, а ми збориш ко…

Publiée par Sasho Tasevski sur Dimanche 10 février 2019

Поврзани новости