Тасева: Груевски го пуштија или заеднички го испратија на безбедно за тука да се реализираат други сценарија

by fokus

Претседателката на „Транспаренси Интернешенл“ и поранешна антикорупционерка, Слаѓана Тасева вели дека Груевски не е бегалец, туку дека ја напуштил земјата во договор со власта.

-Јас мислам дека не станува збор за бегство, мислам дека Груевски го пуштија да си оди, мислам дека е тоа сценарио договорена работа која допрва ќе ја видиме зделката на што се однесува тој договор. Но мислам дека тука не може да стане збор за бегство во држава која има закони и институции, за него се водеа повеќе постапки имаше лично обезбедување, изречени му беа мерки на безбедност, не може така лесно да избега од државата и да се сокрие во Будимпешта ако за тоа не постои некаков претходен договор. Јас сум повеќе склона да верувам дека Груевски го пуштија да си замине или заеднички го испратија на безбедно за тука да се реализираат други сценарија. Една од најголемите индикатори зошто така мислам е прашањето со сметките и вадењето на парите од неговите сметки – изјави Тасева за ТВ21.

Поврзани новости