„Бехтел и Енка“ важи за една од најнетранспарентните компании во светот, нивните договори секогаш завршуваат со 40 отсто повеќе од договореното, изјави вечерва во „Топ тема“ Слаѓана Тасева од „Транспаренси интернешнл“,во врска со предложените измени на осум законски решенија што се поврзани со автопатите од коридорите 8 и 10Д.
„Кога читав, подготвувајќи се емисијава, најдов многу податоци за тоа дека „Бехтел&Енка“, како компанија, важи за една од најнетранспарентните во светски рамки. Работат насекаде низ светот, на големи комерцијални договори, меѓутоа важат за една од најнетранспарентните компании кои апсолутно инсистираат на тајност на нивните договори. И уште еден податок кој вели дека секогаш нивните проекти завршуваат со 40 проценти повеќе од договорената сума“, истакна Тасева.