На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“, сведочеа неколку сведоци чии телефонски комуникации незаконски биле прислушувани од УБК. Дел од сведоците најавија дека ќе бараат милионски обештетувања.
Па така, отштета од 10 милиони евра побара бизнисменот Нухи Алиу, сопственик на фирмата „ЕУРО АКТИВА“.
Сведокот изјави дека во периодот од 2008 до 2015 година бил вработен во истата фирма која се занимава со трговија на градежни материјали, нафтени деривати и високоградба. Поднел барање до СЈО бидејќи во 2012 година имал монтиран процес за неговата фирма, тенденциозен процес со намера да го оштетат и до денес се водел тој процес во кривичниот суд бидејќи Апелација го вратила на повторно судење.
-Јас се сомневав дека некој не прислушувал, пристигнаа со хермелини, вооружени полицајци некој не следел и ни направил сценарио. Имињата на овие обвинети тука не се опфатени во моите телефонски разговори- изјави сведокот, а објави „Зелена лупа“.
Сведокот посочил дека го вознемирува прашањето за штетата, истакнувајќи дека истата не може да се плати со ниту едни пари, бидејќи негови блиски се разболеле од стресот.
-Имам побарување на штета во висина од 10 милиони евра но и тоа е малку во однос на штетата која ја претрпев, изјави сведокот.
Отштета од 3 милиони евра пак побара оштетената Снежана Јовановска – Трајковска, вработена во туристичката агенција „Орфеј“.
Сведокот изјави дека во периодот од 2008 до 2015 година била вработена во туристичката агенција како нејзин сопственик која ја основала во 1989 година.
До СЈО поднела писмено барање бидејќи знаела дека и биле следени комуникациите поради раскинувањето на тендерите и нејзините приватни разговори излегувале во јавноста.
Сведокот бара оштета во име на компанијата но бара одговорност и оштета и од операторите бидејќи дозволиле да биде незаконски следена иако нејзините сметки биле по 2.000 евра.
Сведокот најави оштетно побарување во висина од 3 милиони евра за материјална и нематеријална штета, објави „Зелена лупа“.