Тарчуловски заборави на Беличанец: Кисела Вода заслужува многу повеќе од сега

by fokus 11:43
11:43

Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ  за градоначалник на Кисела Вода, Јохан Тарчуловски, денеска ја отпочна својата изборна кампања. Во изјава за медиумите тој во еден момент заборави дека со Општината и до сега владееше неговата партија преку градоначалничката и акерка Билјана Беличанец, па рече дека Кисела Вода заслужува многу повеќе.

-Кисела Вода има иднина, ќе ја напрвиме општина со која ќе се гордеете, Во програмата има проекти кои се однесуваат на сите делови на општината. Кисела Вода е најголема општина во градот, со најголем број на жителите, и заслужува многу повеќе од сега – рече тој.

- Advertising -

Тарчуловски го прокоментира и оштетениот штаб на партијата во оваа општина. Најпрво рече ако по денот утрото се познава, но потоа се поправи.

– Ако по утрото се познава денот не ќе да е на арно, ноќеска нашиот штаб беше искрен. Веруваме дека тоа не е намерно направено од нашите опоненти, дека е изолиран случај, некој што сака да наштети. Но негативна кампања максимално ќе ја исфрлиме од нашиот делокург од работа – додаде тој.

На граѓаните им порача дека неговата кампања ќе биде позитивна и наменета за сите граѓани на Општината, од најмал до настар.

-Како што сме зацртале во програма така и до крај на изборната кампања ќе се држиме до своето. Ќе ги посетиме сите луѓе и домови и ќе се претавиме во светло како што очекуваат од нас. Нашите проекти се наша иднина, ќе бидат нашето лице и ќе се залагаме да ги оствариме во максимален дел. Нашата кампања ќе биде убава и позитивна – рече Тарчуловски.

Поврзани новости