Перидов јавноста шпекулира со имиња на кандидати за градоначалници за локалните избори во октомври, а едно од имињата кое се спомнува е и претеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски. За него се пишуваше дека ќе биде кандитат за градоначник на општина Кисела Вода, а претходно се спомнуваше и општина Бутел.
Тарчуловски за „Фокус“ вели дека тој не се пријавил на партискиот повик за кандидати за градоначалници кој бил пред три месеци, но слушнал дека неговото име фигурира на анкети за испитување на популарноста на можни кандидати за градоначалници. Според информациите на „Фокус“, се испитува јавното мислење за него во општина Кисела Вода. Ова го потврди и Тарчуловски.
-Ми кажуваат дека моето име го име на тие анкети, но јас се немам кандидирано. Дали би прифатил доколку партијата ми понуди да бидам кандидат за градоначлник на некоја општина е прашање „што би било, кога би било“. Во тој случај, ќе размислам и ќе донесам одлука, вели Тарчуловски.
К.С.