Џафери одлучи Собранието да работи и по 18 часот, Димовски побара нова пауза

by fokus

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, ја продолжи работата на Собранието и по 18 часот. По оваа одлука, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски веднаш побара нова пауза.

-Сега ја добивме одлуката за продолжување на работата на Собранието после 18 часот. Барам пауза за да се спремиме за дискусија, рече Димовски.

И пред паузата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ продолжија да го блокираат разрешувањето на Марко Зврлевски со реплики и контра-реплики меѓу себе.

Поврзани новости