Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Кисела Вода и осуденик од Хаг, Јохан Тарчуловски на вечерашниот митинг во Кисела Вода го цитираше Петре М. Андреевски и порача дека низ него тече крвта на бранителите.
-Добро ме познавате мене и мојот советнички тим. Бидете убедени дека сите ние заедно ќе ја направиме Кисела Вода општина со која ќе се гордееме. Како што вели Петре М. Андреевски: Племето наше е пиреј и не го ништи ниедна војска. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата, и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева. Низ нас тече крвта на бранителите. Ако некогаш ја браневме од куршуми, денеска треба да ја браниме од лажни патриоти. Нема да дозволиме да не исплашат. Главата горе браќа и сестри Македонци, рече Тарчуловски.