Таравари: Заев во 2016 вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас

by fokus

Арбен Таравари од Алијансата на Албанците во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека тие нема да ја условуваат поддршката за уставните амандмани за Договорот со Грција, туку ќе се обидат да ги убедат пратениците да ги поддржат и нивните амандмани за албанските прашања.

-Албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот, со процентите, односно повторно во духот на Рамковниот договор. И во Преамбулата да стои и Рамковниот договор. Минирање на процесот е амнестија, а не нашите барања. Не е табу да збориме дека албанскиот јазик да биде уставна категорија. Ќе се обидеме и пратениците на СДСМ и ДУИ. Ние нема да условуваме, туку ќе се убедиме во Парламентот да ги убедиме пратениците. Ние никогаш не сме условувале. Мислиме дека ова е моментот кога можеме да ги убедиме пратениците да ги направат овие промени. И Заев во 2016 година вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас. Мислам дека и кај СДСМ и кај ДУИ има добра волја да ги прифатат нашите амандмани, рече Таравари.

Поврзани новости