472
Кога некој ќе почне да се заканува со суд на политички неистомисленици, јасно се покажува дефиницијата за диктатура, вели Николовски коментирајќи го рокот од три дена кој му го постави братот на премиерот, Вице Заев, откако ВМРО-ДПМНЕ обелодени дека правена е коалиција со функционери на опозиција за да убедуваат пратениците да гласаат за уставни измени.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Николовски за Алфа вели дека не му е на ниво да му се извини на Вице Заев за јасно искажаниот став.
– Доколку има тужба за клевета, кое судство ќе одлукува, она кое брат му го ослободи од сите обвиненија, прашува Николовски.