Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вели дека хрватскиот модел не може да се примени во земјава. За противењето на опозициската ВМРО – ДПМНЕ да се спроведат уставни измени и реакциите на политички фактори во земјава околу отстранување на процентот на Албанци од Уставот, Таравари смета дека споредбите со Хрватска не се соодветни и го повтори партискиот став дека Македонија и Хрватска не може да се споредуваат, со оглед на податоците од последниот попис во кој Македонци се 54, а Албанци 30 проценти.
-Во Хрватска над 90 посто од населението се Хрвати а во Македонија е сосема друга конфигурација на населението. Се повикувам на последниот попис 54 посто се Македонци 30 посто се Албанци и други етнички заедници. Ако веќе сакаме да се споредуваме ајде да се споредуваме со Швајцарија или со Белгија или со други држави кои што имаат релативно слична конфигурација како и Македонија – изјави Таравари.
Според него доколку нема уставни измени како предуслов за отпочнување преговори, ни се заканува вето од Бугарија и, како што потенцира, ќе имаме децениски застој, налик на букурешкото вето од 2006 година.